КРИЗНИОТ ШТАБ ГИ ПРИФАТИ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ – ОД 1 ЈУНИ ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Главниот координативен Ковид 19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница:

✅ Се укинува мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

✅ Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5-2м (три седишта);

✅ Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица;

✅ Се дозволува организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот, со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол;

✅ Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца меѓу лицата на масата;

✅ Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;

✅ Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

✅ Апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките и да се придржуваат кон препораките за заштита и превенција од Ковид 19 – https://www.facebook.com/147981758594357/posts/4138014162924410/

Сподели на:

Related Posts