ВЧЕРА АПЛИЦИРАНИ 13.493 ВАКЦИНИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани.   

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.  

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од неа.  

Сподели на:

Related Posts