Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани.
55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
31% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
#ВакцинирајСе без закажан термин.