ПУНКТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Младите граѓани се оние кои се во моментов најизложени на ковид вирусот и тие се главни медијатори, поради комуникацијата со своите соученици и другари. Од четвртокот е отворен нов пункт за вакцинација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани, со цел тие да се вакцинираат во поголем број во периодот што претстои.

-Вирусот се шири меѓу младите, тие се медијатори може да го шират и во своите семејства. Докажано е дека вакцината е безбедна, докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв, тоа е еден од начините да се спречи ширењето на вирусот. Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи. Знаеме колку им се промени животот во изминатиот период со тоа што немаа социјални контакти, со тоа што не одеа во училиште и затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинација може да ги нормализираат целосно животите. И затоа сега ставаме акцент на промоцијата, на повикот кон помладите да се вакцинираат, посочи министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts