ВО КБ ТЕТОВО ИНСТАЛИРАНА СОВРЕМЕНА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Министерот за здравство, Беким Сали ја посети Клиничката болница во Тетово, каде е инсталирана значајна медицинска опрема за оваа ЈЗУ.

Опремата, обезбедена во соработка со СЗО и УСАИД, инсталирана е на одделението за интензивна нега, ургентен центар и анестезија и се состои од 15 пациент-монитори за интензивна нега.

Клиничка болница Тетово е пример за успешно менаџирање на јавна здравствена установа, што е посебно значајно во услови на пандемија со Ковид-19.

Сподели на:

Related Posts