ПОЧЕТНА

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПРЕКУ СКЛУЧУВАЊЕ ФОРМАЛЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денес оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј на која се заблагодари за поддршката на Обединетото Кралство за време на КОВИД пандемијата, вакцинацијата и нејзиното влијание врз здравствениот систем. На средбата, министерот за здравство, д-р Беким Сали изрази интерес за продлабочување на […]

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ СО УНИЦЕФ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали имаше работна средба со претставници на УНИЦЕФ, на која се дискутираше за тековните активности на УНИЦЕФ, со посебен осврт кон активностите на националниот стратешки план (NATIONAL SRATEGY PLAN – RCCE), но и за КОВИД-19, како и околу темите, кои се однесуваат на комуникацијата за вакцините против КОВИД-19. Националниот стратешки […]

ПРОМЕНИТЕ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ БИДАТ ВО НАСОКА НА ПРОШИРУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ СОСТАВ СО НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КАДРИ

Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, посочи министерот за здравство д-р Беким Сали. Професионалното работење на Комисијата за заразни болести […]

САЛИ: ПРИОРИТЕТ ЌЕ МИ БИДЕ ПРЕВЕНЦИЈАТА И ЕДНАКВИОТ ПРИСТАП ДО КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

– Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој што се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици.Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу […]

ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ЗАВИСИ ОД ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите […]

ЗГОЛЕМЕН БРОЈ РЕИНФЕКЦИИ СО КОВИД 19, РАСТЕ ПРОЦЕНТОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА И ОБУКАТА ЗА РАБОТА НА НОВИОТ ПРОТОЧЕН ЦИТОМЕТАР

На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа. Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се […]

УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА-ЧАИР ОПРЕМЕН ПО СИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка тереза“-Чаир пуштен е во употреба целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче по тој повод истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа […]

ПОСЛЕ 70 ГОДИНИ ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНИ 1.300 КВАДРАТНИ МЕТРИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

Од денеска во функција на пациентите се реновираните простории на УК за ортопедија со што се заокружи планот за целосна обнова на зградата на хируршките клиники, во која 70 тина години не беше сменето ништо. Клиниката за ортопедија, сега после многу години ги добива најсовремените услови и стандарди, истакна во изјава за медиумите министерот за […]

ОД ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ КОИ ПОЧНАА СО СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА

Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои почнаа со специјализација од септември 2021 година дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година. На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за […]