СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПРЕКУ СКЛУЧУВАЊЕ ФОРМАЛЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денес оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј на која се заблагодари за поддршката на Обединетото Кралство за време на КОВИД пандемијата, вакцинацијата и нејзиното влијание врз здравствениот систем.

На средбата, министерот за здравство, д-р Беким Сали изрази интерес за продлабочување на досегашната поддршка, преку склучување формален договор за соработка во повеќе области на здравството и медицината со кои би се овозможиле медицински специјализации, обуки за современи дијагностички методи и третман, развој на заеднички проекти и други видови соработка во интерес на унапредување на знаењата на здравствените професионалци.

Сподели на:

Related Posts