ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 193 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 4482, ОЗДРАВЕНИ СЕ 46 ПАЦИЕНТИ-ПОЧИНАТИ СЕ 9 ЛИЦА


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-140, Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово-1, Штип-6, Тетово-1, Струга-1, Гостивар-1, Валандово-1.
Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2137, активни 1425
• Куманово 653, активни 206
• Дебар 62, активни 11
• Штип 250, активни 202
• Прилеп 229, активни 17
• Тетово 459, активни 278
• Струга 142, активни 63
• Велес 156, активни 31
• Битола 35, активни 8
• Охрид 84, активни 65
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 73, активни 47
• Гевгелија 8, активни 4 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 9, активни 6 • Крива Паланка 10, активни 4 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 5, активни 2 • Кочани 55, активни 24 • Пробиштип 11, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 3, активни 1 • Пехчево 5, активни 2 • Берово 2, активни 1 • Валандово 5, активни 3 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 2 • Свети Николе 11, активни 10 • Кичево 5, активни 3 • Ресен 34, активни 33 • Неготино 18, активни 9 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1391 тест се преку: ИЈЗ –580, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена –107, Биотек –142, Систина со PCR метода –91, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори) -262 и Судска медицина-36. Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19.
Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 306
• Аеродром – 119
• Бутел – 106
• Гази Баба – 114
• Центар – 114
• Карпош – 100
• Сарај – 95
• Кисела Вода – 71
• Ѓорче Петров – 57
• Студеничани – 62
• Шуто Оризари – 46
• Арачиново – 33
• Илинден – 28
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 11
• Зелениково-1
• Странец – 2
• Нераспределен-1

Share This Article :

Related Posts