ФИЛИПЧЕ: АСТРА ЗЕНEКА Е БЕЗБЕДНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ, БЕНЕФИТОТ ОД ВАКЦИНАТА Е МНОГУ ПОГОЛЕМ ОД НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ

👉 Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја почнавме вакцинацијата. Сите граѓаните над 77 години се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти.

👉 Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

👉 Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра Зенека, засега се појавиле само кај помладите од 60 години.

👉 Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника.

👉 Заради внимателност, бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите.

👉 Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската агенција за лекови и директно до германското Министерство за здравство по што ќе имаме повеќе информации.

👉 Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават. Сериозни компликации се исклучително ретки, и кај нив исто така, нема простор за паника.

👉 Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период.

👉 Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање една доза на вакцината Астра Зенека.

👉Верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината, бидејќи ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се добие некаква таква компликација од самата вакцина

Сподели на:

Related Posts