МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО ДОБИ ТРИ НОВИ АПАРАТИ

Општата болница во Куманово покрај неколкуте новитети кои беа спроведени изминатиот период, денеска доби уште три нови апарати преку реактивација на проектот кој ќе се работи со организацијата „Проект Хоуп“. 

Министерот Филипче истакна дека првиот апарат, кој денеска се донира е гинеколошки кревет за испитување, кој е предвиден да се користи во просторијата за брза помош каде жените пристигнуваат и добиваат прва проверка за да утврдат дали треба да останат во болницата за породување или понатамошно лекување.

-Вториот апарат е стерилизатор кој ќе биде со намена за стерилизација на алати и опрема и е еден од апаратите кој е приоритетен за употреба. Апаратот ќе го замени стариот и дефектен стерилизатор на одделот во двете болници, со цел спречување инфекции. Кумановската болница денеска доби и две инфузиони пумпи, кои ќе бидат сместени во просторијата за породување, со цел да им ги пружат на пациентите лекарствата што им се потребни за време на породувањето, како и кај случаите кои почнуваат со контракции или општо за лекарствата, кои може да им се потребни пациентите, кои пристигнуваат на дијагнози и терапии“, истакна министерот Филипче и додаде дека со овие нови апарати, значително ќе се подобрат условите за работа, како на здравствени работници, така и за здравствена заштита на пациентите.

За потсетување, минатата недела беа пуштени во употреба и нови медицински апарати – ендоскопски столб и видео ларингоскоп, кои наоѓаат примена во интервенции на повеќе типови заболувања.

-Во тек на летото, во употреба беше пуштен и новиот Ургентен центар во Општа болница Куманово, кој е изграден од темел. Вложуваме во човечкиот капитал, во нашите здравствени работници и речиси година и половина континуирано вложуваме и ги зголемуваме платите на медицинскиот кадар. Продолжуваме да инвестираме во медицински кадар, во опрема, во инфраструктура, затоа што само на овој начин ќе го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава, потенцираше министерот Филипче.

Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во февруари, 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри меѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15 проценти. 

Сподели на:

Related Posts