Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.
Тема на средбата беше унапредување на меѓусебната соработка помеѓу двете земји во областа на здравствениот систем.
Полскиот амбасадор, Мултановски, се интересираше за состојбите во македонското здравство, како и подобрување и унапредување на јавниот здравствен систем.
На средбата се разговараше и за развивање на медицински туризам во Република Македонија, како и доаѓање на полски државјани во земјава за медицински цели.
Министерот за здравство ја истакна важноста на размената на знаења, експерти и зајакнување на капацитетите во здравствениот систем, за што билатералните соработки со Република Полска се од големо значење. Во следниот период се очекува зајакнување на капацитетите со помош на фондови од Европската Унија наменети за здравствениот сектор.