Од Универзитетска клиника за нефрологија информираат дека привршуваат активностите со кои се реновираат оддели и се менува медицинскиот и немедицински инвентар во оваа јавно здравствена установа.
Станува збор за комплетно реновирање на првиот кат на клиниката, каде се сместени одделите за интензивна нега, одделот за трансплантација, како и одделот за акутна и хронична дијализа и хируршка сала за обезбедување васкуларни пристапи за хемодијализа (артеро-венски фистули, катетри и сл.).
Со реконструкцијата е предвидена комплетна промена на изгледот, која опфаќа инфраструктура, нови тоалети и санитарии и целосна промена на инвентарот.
Се обезбедуваат и нови болнички кревети и помошен немедицински мебел. Воедно е направена и комплетна замена на инвентарот во работните простории на медицинскиот персонал.