СОСТОЈБАТА СО ВИРУСОТ Е СТАБИЛНА, ДА ОСТАНЕМЕ ОДГОВОРНИ

Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Согласно извештаите на ИЈЗ бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати.

Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава.

Еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа.

Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.

.

Сподели на:

Related Posts