ГОСТУВАЊЕ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ ВО СТУДИО 10 НА ТВ 24

МАКЕДОНИЈА Е ВО ЗЕЛЕНА КОВИД ФАЗА, ИМА ВИСОКО НИВО НА ПРЕЛЕЖАНОСТ

-Укинувањето на мерките добро е да се базира врз одредени параметри. Откако почна пандемијата, со мерките се движевме паралелно со другите земји. Студиите претставуваат база, на почеток се решаваа мерките емпириски.

Во науката за да се преземат конкретни мерки секогаш е добро тоа да е базирано на научно истражување. Во светот се формираа студии кои даваат водичи за мерките. Комисијата за заразни болести почна да ги применува признатите водичи. Број на новоинфицирани, број на починати и број на хоспитализации – врз основа на овие три параметри има логоритам кој го пресметува епидемиолошкиот ризик.

Анализите се гледаат и на неделно ниво. Во одредени земји има поголем пораст на заболени. Македонија сега е во зелена фаза, има насоки кои мерки би се преземале. Доколку и ние поминеме од зелена во жолта фаза, ќе има нови мерки. Велика Британија, Австрија, мое лично мислење, во тие земји има висок степен на имунизација, но има низок степен на прележаност. Најверојатно, имунизацијата не штити толку добро за разлика од прележаноста, посочи заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски во Студио 10 на ТВ24.

Сподели на:

Related Posts