Институтот за радиологија го одбележа 75-годишниот јубилеј од успешното функционирање, период на континуирано следење на трендот на технологијата, набавка на нова апаратура и воведување современи дијагностички процедури.
-Обезбедуваме најсовремен мамографски систем со томосинтеза и стереотаксична биопсија, како и ултразвучен апарат за дојка. Исталиран е и нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, единствен на овие простори. Институтот е и референтен центар во националната скрининг програма на МЗ за дојка, истакна д-р Беким Сали на свеченото одбележување на овој значаен јубилеј.