ВО НОВАТА ГОДИНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ, БУБРЕЗИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

Новата година ја почнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники  започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.
– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. 

– Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.
Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts