АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДВОРОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани денеска присуствуваа на акцијата за чистење во кругот на Клинички центар, при што најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар. 

– На праг сме на решение на оваа состојба. ЈП „Комунална хигиена“ секогаш покажува добра волја да помогнат и покрај тешкотиите што ги имаат, но, како што рече и директорот на ова претпријатие на праг сме на решавање на актуелниот проблем, истакна д-р Муса.

Сподели на:

Related Posts