Author: Daniela Aleksoska

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА МАЈКИТЕ И НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Денеска, заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски ги поздрави присутните на редовниот годишен состанок на Здружението на неонатолози на Република Македонија. На дневен ред беа актуелните теми за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

СВЕТСКА НЕДЕЛА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

Во рамки на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици, денеска заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски се обрати на Третиот симпозиум за Здружението на специјалисти по семејна медицина. Република Македонија се приклучи на повикот на СЗО за организацијата на Светската недела за рационална употреба на антибиотици во период од 13-19 ноември, […]

ЗЛОУПОТРЕБЕНО ЛОГОТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека се лажни информациите на следната веб страница (http://live365.services/go/click.php?key=kixx5slmpob7icmdbyj8) Станува збор за злоупотреба на логото на Министерството за здравство. Министерството во соработка со МВР веќе презема активности за идентификување на изворот и уште еднаш напоменуваме дека не станува збор за официјална веб страница на министерството .

ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ВО КОМПЛЕКС КЛИНИКИ “МАЈКА ТЕРЕЗА”

Службата за заеднички и општи работи при клинички центар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска организираат заедничка акција за чистење на просторот во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Акцијата се спроведува со поддршка од јавните претпријатија на Град Скопје, “Градски паркинг”, “Комунална хигиена”, “Паркови и зеленило” и депонијата “Дрисла”. Директорката на Заеднички служби, […]

НАБАВКА НА ИНКУБАТОРИ ЗА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И ПОРОДИЛИШТАТА ВО ДРЖАВАТА

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за УК за гинекологија во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени […]

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се поставени нови табли за ориентација

Во Универзитетскиот клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје се поставени нови табли за ориентација. Новите табли се поставени на три различни јазици, на македонски, на албански и на англиски јазик. Сега сите граѓани без исклучок ќе имаат полесна ориентација во комплексот клиники.

Мој термин – ЗУ од специјалистичко – консултативна дејност

Лекарот – специјалист во Мој Термин ја има следнaта улога: да ги креира термините (Време за прием) за преглед на пациенти, и да изврши преглед на пациентите врз основа на добиениот Е-упат. Креирањето на Време за прием се прави во системот Мој Термин, со најава со единствено корисничко име и лозинка или со помош на […]

Со клучни одлуки до здрава заедница

Денеска се обратив на прес конференција за промоција на кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ во организација на Здружението на граѓани ХОПС и Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ. Македонија во моментот е лидер во регионот во превенција од ХИВ, така што еден од примарните приоритети на Министерството за […]