-Значително намалување на смртноста на предвреме родените бебиња, и тоа од 25% во 2016 година на 8,2% во 2022 година, на Универзитетската клиника за гинекологија заеднички го одбележавме Светскиот ден на прематуритетот – 17 ноември. Реализиравме бројни активности за унапредување во овој сегмент, како набавка на најсовремена медицинска опрема, во соработка со СЗО, УНФПА и УНИЦЕФ за развој и имплементација на Мастер планот за перинатална грижа, истакна министерот д-р Беким Сали во своето поздравно обраќање.
Во ГАК се инвестирани 2.2 милиони евра за унапредување на условите за третман на бремените жени и новороденчињата.