Новости

РАБОТИЛНИЦА НА МЗ И СЗО ЗА ИНИЦИРАЊЕ МУЛТИСЕКТОРСКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА НЕЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Во организација на Министерство за здравство и Светската здравствена организација денеска во Скопје се одржува дводневна работилница за иницирање и имплементација на Акциски план за незаразни болести. Работилницата има за цел да иницира мултисекторска имплементација на Акцискиот план за незаразни болести, како и детално планирање на активностите за периодот 2019-2020 година, во која претставниците на […]

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА

Во врска со објавата на 1ТВ од 27.10.2018 година во 20:21 часот – „1ТВ дознава: Западнонилската треска пристигна во земјава“, Министерство за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“. Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено […]

СО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ПРАВОТО НА ЖЕНАТА НА БЕЗБЕДЕН АБОРТУС

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста. По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација. Волјата на жената ќе биде на прво место. Со предлог измената […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА НОВ АНТИБАКТЕРИСКИ ТРЕТМАН Е КЛУЧНО ВО БОРБАТА ПРОТИВ АНТИМИКРОБНАТА РЕЗИСТЕНТНОСТ

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева, во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development). Вицепремиерот Анѓушев […]

ПОДГОТВЕНИ СЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ КОИ ПРЕТХОДНО РАБОТЕЛЕ ВО ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ОСНОВАНИ ПОД ЗАКУП ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ, А ПО РАЗЛИЧНИ ОСНОВИ ВО МЕЃУВРЕМЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА

Министерството за здравство информира дека подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа. За таа цел, во измените на Законот внесена е одредба согласно која […]

РЕНОВИРАНИ ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА, КЛИНИКАТА ДОБИ НОВ ИЗГЛЕД

Клиниката за дигестивна хирургија доби нов изглед со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа, со што пациентите имаат значително подобри услови за лекување и третман. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети оваа клиника, а директорот Зоран Караџов, му ги презентираше сите новини на одделенијата. Оваа […]

ПРЕСАДУВАЊЕТО ОРГАНИ Е ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА МОДЕРНАТА МЕДИЦИНА

Под мотото „Биди донор–Биди херој“ денеска се одбележа Европскиот ден на органодарителство. Целта на овој ден е да се поттикне и да се запознае јавноста со достигнувањата во модерната медицина, кога е во прашање важноста од одлуката за дарување органи. Донирањето органи е највисок чин на хуманост. – Изразувам голема поддршка и солидарност кон оние […]

НАБАВЕНИ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИВАЛЕНТНИ ВАКЦИНИ ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерството за здравство преку јавна набавка обезбеди 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Истата е според препораките на Светска Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски […]

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО И НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ОД ЛЕКОВИТЕ

Министерството за здравство номинираше 85 лекари специјалисти од сите градови на Република Македонија кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, одноно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во Република Мекедонија. Оваа TAIEX работилница беше организирана од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет од […]

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО ПРЕПОРАКИ И ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ-АКТИВНО СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО „МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, на која беше разгледана состојбата со мајмунски сипаници во Велика Британија. Од Комисијата посочуваат дека во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија и дека […]