Новости

СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО НА ЈИЕ И СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 39. СОСТАНОК НА ОДБОРОТ НА ГЛОБАЛЕН ФОНД ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ, МАЛАРИЈА И ТУБЕРКУЛОЗА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче го отвори состанокот на министрите за здравство на Југоисточна Европа, што се одржува денеска во хотелот Александар Палас во Скопје. Поздравно обраќање имаше и  Питер Сендс, извршен директор на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.  На состанокот учествуваат министри за здравство и високи државни претставници на […]

НОВА СИСТЕМСКА МЕРКА ЗА ДОМАШНА ПОСТОПЕРАТИВНА ГРИЖА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка (домашна) постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев. Сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист. – Целта […]

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ОД ПРОЕКТ ХОПЕ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА – ЧАИР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска ја посети Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир по повод обезбедена нова медицинска опрема од Проект ХОПЕ. Опремата е обезбедена во рамки на проектот „ПериМак“, инициран како партнерство за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата. Станува збор за поголем број апарати, меѓу кои: апарат за скрининг […]

РАБОТНА ПОСЕТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, придружуван од заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, државниот секретар, д-р Владимир Милошев, директорот на ФЗОМ, Ден Дончев, директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани, се сретнаа со Уран Исмаили, министер за здравство на Република Косово, придружуван од косовска делегација. За време на официјалната посета министрите за здравство од Република […]

КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО НА ОРТОПЕДИ И ТРАУМАТОЛОЗИ – МАДОТ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, се обрати на отворањето на четвртиот конгрес на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози – МАДОТ.  Д-р Милошев потенцираше дека заедничка визија на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство е изградба на достапен и квалитетен систем на здравствена заштита за секој граѓанин. Во таа […]

ОБУКИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА BASIC LIFE SUPPORT

Како резултат на одржаната средба на министерот за здравство, д-р Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози, неделава стартуваа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби (Basic Life Support), како прв чекор во континуираниот процес на едукација. Во текот на оваа […]

НОВИ ВОЗИЛА ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев денеска ја посети општата болница во Гостивар, по повод предавање во употреба на две нови возила за транспорт на пациенти, обезбедени со поддршка од турската Канцеларија за развој и соработка-ТИКА. Д-р Милошев изрази огромна благодарност во име на Министерството за здравство до турската Канцеларија за развој […]

ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО СОФИЈА, НА НЕФОРМАЛНА МИНИСТЕРСКА СРЕДБА НА МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО ОД ЕУ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче престојува на официјална посета во Софија, Република Бугарија, каде учествува на неформална министерска средба на министрите за здравство од Европска Унија, на покана од бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.  Ова е прва ваква покана, како и присуство на министер за здравство од Република Македонија на состанок со министрите […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА Кандидатот за национален координатор за трансплантација, согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015 и 37/2016), треба […]

ОДРЖАН БРИФИНГ ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА

Во Министерството за здравство се одржа стручен брифинг за најава на претстојните активности за одбележување на Европската недела на имунизација. Централниот настан по тој повод ќе се одржи во сабота 21 април), во Градски парк, на бина-Школка, со почеток во 12 часот.  На овој забавно-едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, […]