Новости

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ХИВ/СИДА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска учествуваше на Регионалниот форум за одржливост на здравствените услуги за лица со ХИВ и туберкулоза, на кој присуствуваше и Аида Куртовиќ, претседавач на управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/сида, туберкулоза и маларија. Во рамки на форумот, министерот истакна дека за Владата на Република Македонија приоритет […]

РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп и со претставници од Проект ХОПЕ „Луѓе за Луѓе”-Здравствена Фондација. На средбата стана збор за проектот ПериМак, кој Проект ХОПЕ го имплементира во Република Македонија од почетокот на 2016 година, како и за продолжување на соработката меѓу Министерството […]

50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЗИОТЕРАПИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на свечениот настан по повод одбележување 50 години од македонската физиотерапија и работна терапија во Република Македонија, организиран од Здружението на професионални физиотерапевти. Д-р Милошев истакна дека Министерството за здравство е во постојана комуникација и координација со сите стручни здруженија на здравствени работници, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ДВОЕДНЕВЕН ФОРУМ НА СЗО ВО ПОДГОРИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче учествува на дводневен министерски форум на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Подгорица, Црна Гора, во организација на Светската здравствена организација. Главна тема е важноста на имунизацијата, придобивките од неа, како и предизвиците и можностите со кои се соочуваат земјите од ЈИЕ.  Во рамки на фoрумот, министерот […]

РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека веќе ги контактираше архитектите и се очекува и заедничка средба која ќе се одржи во текот на следниве денови. На оваа средба на која ќе присуствува и министерот за здравство, д-р Венко Филипче би се сослушале сите аргументи, предлози и мислења на стручната фела во врска со изградбата […]

АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ КИСЕЛА ВОДА

Во насока на унапредување на условите во Центарот за зависници во Кисела Вода, денеска е спроведена акција за расчистување на медицинскиот отпад околу центарот, организирана од општина Кисела Вода, невладината организација ХОПС – опција за здрав живот, со поддршка од Министерството за здравство. Во акцијата беа вклучени 30 сезонски работници, како и членови од невладината […]

РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп. На средбата стана збор за можностите за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, како и подобра соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БОЛНИЦИТЕ ВО КИЧЕВО И СТРУГА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во работна посета на болниците во Кичево и во Струга, при што оствари и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. – Повод за посетата е лично да се запознаам со условите за работа во Општата болница во Струга, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ВО РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со амбасадорот на Албанија во РМ, Фатос Река, на која беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.

ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА РАНА ДИЈАГНОЗА НА ДЕФОРМИТЕТИ НА ′РБЕТ КАЈ ДЕЦА

Министерството за здравство, во соработка со Институтот за физикална медицина и рехабилитација и општините Карпош и Центар почнаа со реализација заеднички проект за промоција на превентивна физичка активност кај деца со лошо држење на ‘рбет. Во рамки на проектот се предвидени прегледи на ′рбет кај децата од доктор физијатар и доколку се констатира деформитет на […]