Новости

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. На средбата стана збор за унапредување на меѓусебната соработка во областа на здравството, а воедно амбасадорот Гарет беше запознаен со актуелните состојби во македонскиот здравствен систем.    

КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на конференција посветена на жените од руралните средини, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, поддржан од Британската амбасада во Македонија. Во своето обраќање, министерот истакна бројни мерки за унапредување на здравствената […]

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЛАДИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

Министерството за здравство ги известува специјализантите на приватна специјализација дека е потребно да го преземат и пополнат зададениот формулар и најдоцна до петок 23.03.2018 година до 12ч истиот да го приложат во архивата на Министерството за здравство. Во прилог на формуларот потребно е специјализантите да приложат и документ за потврда на работниот статус: * потврда […]

ПОСЕТА НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ТЕТОВО И СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УРВИЧ И БРВЕНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети Клиничката болница во Тетово, при што оствари средби со директорот, д-р Флорин Бесими, како и со жителите на тетовските села Урвич и Брвеница. Министерот најави дека ќе се преземат сите мерки за да се олесни функционирањето на здравствените центри, а граѓаните ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние. На средбата стана збор за можностите за соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓу кои здравствената инфраструктура, нова опрема, како и во делот на едукација на кадарот. Посебен фокус беше ставен на размената на искуства меѓу двете земји, […]

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО И 73 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА РМ

Црвениот крст на Република Македонија одбележа 73 години од своето постоење и 23 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвена полумесечина. На настанот се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој истакна дека Црвениот крст на РМ е сериозен партнер во активностите, кои заеднички се преземаат за […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна работна средба со aмбасадорката на Турција во Скопје, Н.Е. Тулин Еркал Кара, во насока на унапредување на меѓусебната соработка на двете земји во областа на здравството.

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ЛЕК НА ОРИГИНАТОРОТ И НА ИНОВАТИВНИОТ ЛЕК

СЕ УТВРДУВА максимална цена на лекот на големо, без вклучен ДДВ и тоа за следните лекови:НАПОМЕНА: Барањата за усогласувања со новите утврдени максимални цени, носителите на одобренијата треба да ги поднесат до архивата на Министерството за здравство најдоцна до 21.03.2018 година

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ГЕНЕРИЧКИ ЛЕК

СЕ УТВРДУВА максимална цена на лекот на големо, без вклучен ДДВ и тоа за следните генерики на лекови: НАПОМЕНА: Барањата за усогласувања со новите утврдени максимални цени, носителите на одобренијата треба да ги поднесат до архивата на Министерството за здравство најдоцна до 21.03.2018 година

МИРНА СОСТОЈБАТА СО МОРБИЛИ ВО ДРЖАВАТА, ВАКЦИНАЦИЈАТА НАЈДОБРА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржа редовна работна средба, со цел согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Во Република Македонија во 2018 година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. Следејќи ја состојбата […]