Новости

НОВ ТЕНДЕР НЕМА, УНИШТЕН Е ТУРСКИ ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ ОД СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, БЕЗ ПРОВЕРЕН ЛАДЕН ЛАНЕЦ И БЕЗ СЕРТИФИКАТ

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира сакајќи да собере политички поени на сметка на здравјето на пациентите! Во врска со повторно изнесените невистини, Министерството за здравство го потенцира следново: Прво, уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без […]

БУЏЕТОТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС: ЗА 2020 ГОДИНА 750 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВО 2017 НАМАЛЕН И ИЗНЕСУВАЛ 562 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Министерството за здравство информира дека со Предлог-буџетот за 2020 година, се обезбедуваат инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходните години. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари. […]

ВОВЕДОВМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ИЗГОТВУВАЊЕ НА НОВА 10-ГОДИШНА СТРАТЕГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА ДИЈАБЕТЕС

Министерството за здравство информира дека е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес. Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во […]

УНИШТИВМЕ ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ НАБАВЕН ВО ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ТИЕ ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО СИ ИГРАЛЕ СО ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите. Министерството за здравство информира дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на […]

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ЗА РАНИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ТРЕТМАН КАЈ ДЕЦА СО НАРУШУВАЊА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска, заменик министерот за здравство д-р Арменд Арслани, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, претставници од Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и […]

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ГРАНТ МЕЃУ АМБАСАДАТА НА ЈАПОНИЈА И МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА НАБАВКА НА НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ УЛТРАЗВУК ЗА ТИРОИДА И ВРАТНА РЕГИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на потпишувањето договор за грант меѓу Амбасадата на Јапонија и Медицинскиот факултет за набавка на нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија.  Станува збор за грант во вредност од 23.165 евра, а новиот апарат апарат ќе се набави преку „Јапонската грант програма за мали проекти (GGP)“. […]

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ДОЗИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО РАДИОЛОШКАТА ПРАКТИКА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на стручен состанок по повод формирање Национален центар за следење на дозите на пациентите и обезбедување квалитет во радиолошката практика. Основањето на овој центар е резултат на одличната соработка меѓу Институтот за физика при Природно–математичкиот факултет во Скопје и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од […]

АНКЕТАТА НА ДЕТЕКТОР ПОКАЖА: 54,3% ОД ГРАЃАНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА АПТЕКИТЕ СЕ ДОБРО СНАБДЕНИ СО ЛЕКОВИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ

Според анкетата која за потребите на Детектор во месец ноември ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје покажа дека 54,3% од граѓаните сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец. Во месец јуни 2019 година, процентот изнесувал 45,6%, што претставува зголемување за 8%. Со укинувањето на квотите за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: УСПЕШНО СЕ ИЗВЕДЕНИ ЧЕТИРИ КАДАВЕРИЧНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ, ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА ОРГАНИ Е ИСКЛУЧИТЕЛНО БЛАГОРОДЕН ЧИН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на стручната средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ). „Трансплантацијата на органи е исклучително благороден […]

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ДЕМИР ХИСАР

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче,  официјално го отвори новоизградениот дел на Психијатриската болница Демир Хисар. Станува збор за комплетно нов машки павилјон за чија изградба средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата болница.  – Оваа здравствена установа претставува значаен центар за лекување на пациентите со нарушено ментално здравје. Од основањето […]