Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО, АМИР ЕЛЕЗИ, ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО, ФАТОН АХМЕТИ И СО ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА КБ ТЕТОВО, АРМЕНД ФАЗЛИУ.

Министерот за здравство, Беким Сали оствари средба со директорот на Клиничката болница Тетово, Амир Елези, директорот на ФЗО, Фатон Ахмети и со економскиот директор на КБ Тетово, Арменд Фазлиу. Тема на оваа средба беше состојбата на Клиничката болница и изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДР.БЕКИМ САЛИ, ИМАШЕ РАБОТНА СРЕДБА, СО Г.СПАСЕ ДОДЕВСКИ, СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Продолжување на реформата за новиот модел на проценка на децата и младите со попреченост, согласно Меѓународната Класификација на Функционирање- МКФ, беше главната тема на работната средба, на која денес разговараа министерот за здравство др.Беким Сали, г.Спасе Додевски, советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за здравствена заштита, образование, социјална заштита за лицата […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ, ЗАЕДНО СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ ГО ПОСЕТИЈА ПУНКТОТ ЗА СЕРОЛОШКИ СКРИНИНГ ВО БИТОЛА

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со заменик министерот Владимир Рендевски денеска ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола и остварија средби со граѓаните.-Серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, а од тоа ќе зависи и носењето нови препораки и мерки, рече министерот Сали

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ЗАБОЛЕНИТЕ ДЕЧИЊА СО КОВИД

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска беше во посета на заболените дечиња со ковид, кои придружувани од родител се хоспитализирани тука во ковид центарот на Детската болница Козле.- Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра .Исто така, во рамки на […]

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА СКРИНИНГОТ ВО НЕКОЛКУ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ – ДОСЕГА ДОБИЕНИ ПЕТ ИЛЈАДИ СОГЛАСНОСТИ ОД РОДИТЕЛИ

Скринингот во училиштата е веќе почнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.   Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на […]

ОНЛАЈН СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО И РЕГИОНАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА СЗО ЗА ЕВРОПА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПОСВЕТЕНА НА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РЕФОРМИ

Министерот за здравство, Беким Сали денеска одржа онлајн состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебно признание оддаде за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата. Нашата земја покажува значително подобрување на перинаталната грижа. Во последните неколку години, благодарение на поддршката од Агенциите […]

ДЕНЕСКА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ГО ПОСЕТИ ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО, КАДЕ СЕ СРЕТНА СО РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р РЕШАТ ЌАИЛИ

Денеска министерот за здравство, Беким Сали го посети Државниот Универзитет во Тетово, каде се сретна со ректорот, проф. д-р Решат Ќаили. За време на средбата се разговараше за можностите за развој и унапредување на дејноста на Медицинскиот факултет на овој Универзитет и Клиничката болница во Тетово, како и за потребата од нивно просторно проширување.- Во […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ СЕ СРЕТНА СО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО НАШАТА ДРЖАВА, АНКЕ ХОЛШТАЈН,

Продолжува поддршката од германската амбасада во справување со ковид кризата и останатите здравствените предизвици.Ова беа дел од темите на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со германската амбасадорка во нашата држава, Анке Холштајн, на која и упати посебна благодарност за нејзиниот личен ангажман и поддршката која ја имаме од Германија за здравствениот сектор […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА Р. ИТАЛИЈА, АНДРЕА СИЛВЕСТРИ

Во духот на традиционалната поддршка на Италија за здравствениот сектор во нашата држава беше денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со неговата екселенција, амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри.На средбата, министерот Сали изрази благодарност за донацијата од 250.380 вакцини на компанијата „Фајзер“, со цел зголемување на опфатот со имунизација во нашата држава. Исто така, […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ, ЗАЕДНО СО АМБАСАДОРОТ НА Р. ИТАЛИЈА, АНДРЕА СИЛВЕСТРИ И АРТУР АЈВАЗОВ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА УНИЦЕФ, ДЕНЕСКА, ПРИСУСТВУВАА НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ДИРЕКТНАТА ПОМОШ ОД Р. ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри и Артур Ајвазов од канцеларијата на УНИЦЕФ, денеска, присуствуваа на примопредавањето на првиот дел од директната помош од Р. Италија која се состои од 250 илјади дози на вакцината против Ковид 19 од производителот Фајзер. -Изразувам голема благодарност до италијанската влада за […]