Соопштенија

НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА УСПЕШНО ИЗЛЕКУВАНО ДЕВОЈЧЕ ОД ЛЕУКЕМИЈА

Министерот за здравство, д-р Беким Сали ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде успешно е излекувано девојче од леукемија, кое по девет месеци го заврши лекувањето без никакви последици. -Девојчето Ајше конечно под звуците на празничното ѕвоно, по девет месеци третман против леукемија ја доби битката и денеска конечно му се врати на нормалниот […]

МИНИСТЕРОТ Д-Р САЛИ НА СРЕДБА СО ПОСТОЈАНИОТ КООРДИНАТОР НА ООН, РОСАНА ДУЏАК

Одржлив и модерен здравствен систем, унапредување на превентивните здравствени услуги, поддршка за лицата со попреченост, буџетирање на здравствениот сектор беа дел од темите за кои разговаравме на денешната средба со Росана Дуџак, постојан координатор на ООН во Република Северна Македонија. На средбата, меѓу другото, дискутиравме и за активности за справување со родовото насилство, како и […]

КОВИД ЦЕНТАРОТ НА КОЖНА КЛИНИКА СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА

Министерот Беким Сали денеска го посети ковид центарот на Кожната клиника и им посака што побрзо закрепнување на болните. – Сите капацитети се ставени во функција, а нашите здравствени работници го вложуваат сиот свој потенцијал за да им помогнат на болните. Посакувам сликите што ги гледаме од граѓани кои се борат со вирусот и последиците […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УНФПА: УНАПРЕДУВАЊЕ НА МАЈЧИНОТО И ЗДРАВЈЕТО НА НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Заедничката заложба на Министерството за здравстви и УНФПА за унапредувањето на мајчиното и здравјето на новороденчињата, како и за унапредување на сите нивоа на здравствена заштита, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на министерот Беким Сали со Афродита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА. На средбата е разговарано и за иновативниот […]

ПОДДРШКА ОД СЗО ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ОДГОВОР НА КОВИД-19 И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали имаше работна средба со д-р Ане Јохансен, специјален претставник на регионалниот директор на СЗО за Европа за Северна Македонија и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје на која стана збор за претстојните активности за поддршка на националниот одговор на КОВИД-19 и за зајакнување на здравствениот систем во […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПРЕКУ СКЛУЧУВАЊЕ ФОРМАЛЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денес оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј на која се заблагодари за поддршката на Обединетото Кралство за време на КОВИД пандемијата, вакцинацијата и нејзиното влијание врз здравствениот систем. На средбата, министерот за здравство, д-р Беким Сали изрази интерес за продлабочување на […]

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ СО УНИЦЕФ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали имаше работна средба со претставници на УНИЦЕФ, на која се дискутираше за тековните активности на УНИЦЕФ, со посебен осврт кон активностите на националниот стратешки план (NATIONAL SRATEGY PLAN – RCCE), но и за КОВИД-19, како и околу темите, кои се однесуваат на комуникацијата за вакцините против КОВИД-19. Националниот стратешки […]

ПРОМЕНИТЕ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ БИДАТ ВО НАСОКА НА ПРОШИРУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ СОСТАВ СО НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КАДРИ

Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, посочи министерот за здравство д-р Беким Сали. Професионалното работење на Комисијата за заразни болести […]

САЛИ: ПРИОРИТЕТ ЌЕ МИ БИДЕ ПРЕВЕНЦИЈАТА И ЕДНАКВИОТ ПРИСТАП ДО КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

– Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој што се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици.Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу […]

ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ЗАВИСИ ОД ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите […]