Соопштенија

ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО НОВИОТ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ИЗВРШЕНИ 50 ИЛЈАДИ ХИРУРШКИ И ОРТОПЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ И ИНТЕРВЕНЦИИ​

Во новиот ургентен хируршки центар, сместен во кругот на Општа болница Куманово, за една година од пуштањето во употреба кон крај на јули, минатата година, до денес се извршени 34.100 хируршки и 8.000 отропедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции, посочува директорката на ОБ Куманово, д-р Снежана Захариева.​  Комплетно […]

ФИЛИПЧЕ: ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е НАЈГОЛЕМА БОЛНИЧКА УСТАНОВА, СО ВРВНИ ЕКСПЕРТИ И ПОСЕБНО МЕСТО ВО НАШИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска, присуствуваше на настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8 Септември“ по националниот празник, Денот на независноста.  -ГОБ „8 Септември“ има посебно место во нашиот здравствен систем, со оглед на тоа што е најголема болничка установа за обезбедување здравствени услуги. Тука […]

ПУШТЕН ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ МОДУЛАРЕН АМБУЛАНТСКО-ПОЛИКЛИНИЧКИ ОДДЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА – ПО 50 ГОДИНИ ГО МЕНУВАМЕ ИЗГЛЕДОТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА КАМПУСОТ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, денеска го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники. -Од денеска практично во функција влегуваат новите амбуланти на клиниката за пулмологија. После повеќе од 50 години, го […]

ФИЛИПЧЕ: ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ НОВ МОДЕРЕН КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО ЧЕТИРИ БЛОКА – ПРВИОТ ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека во новиот четиригодишен мандат ќе почне да се гради новиот Клинички центар. Тој истакна дека иако се подобрени условите и се направи реорганизација за подобрување на комуникацијата, сега, при третманот на пациенти со Ковид-19 се […]

ФИЛИПЧЕ: ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИДОБИВКИ

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека зголемувањето на платите на здравствените работници е една од најголемите придобивки во период од повеќе децении наназад. -Оваа значајна сума, што ја инвестиравме во платите на лекарите, медицинските сестри за две ипол години изнесува околу […]

ФИЛИПЧЕ И ШАХПАСКА: ГРАДИНКИТЕ СЕ ОТВОРААТ НА 9 СЕПТЕМВРИ – ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ НАЈМАЛИТЕ И СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ВОСПИТНО-ЗГРИЖУВАЧКИОТ ПРОЦЕС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа дека е донесена одлука на 9 септември да се отворат установите за згрижување и воспитување деца – детски градинки/центри за ран детски развој. Министерот Филипче го образложи Протоколот за активности во установите […]

ФИЛИПЧЕ: КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРАВСТВОТО СЕ СПРЕМНИ ЗА ЕСЕН, СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ДА ДОБИЕ СООДВЕТНА И НАВРЕМЕНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија истакна дека во однос на есенскиот период, здравствениот систем е целосно подготвен за евентуалното зголемување на бројот на ковид пациенти. „Сакам да ги уверам граѓаните дека сме спремни со инфраструктура, медицинска опрема, и со кадар, а таму […]

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ: ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ СО КОВИД-19 И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ СЛУЧАИ

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопотврдени со Ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани случаи, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. Во овој период се направени 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2 и регистрирани сe 666 нови позитивни случаи, што претставува намалување […]

СО КРВНА ПЛАЗМА ТРЕТИРАНИ 70 ПАЦИЕНТИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ДОНОРИ ЗА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент. -Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 17 ДО 23 АВГУСТ, 2020: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ СЕ ОД СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи […]