Соопштенија

ФИЛИПЧЕ: ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИДОБИВКИ

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека зголемувањето на платите на здравствените работници е една од најголемите придобивки во период од повеќе децении наназад. -Оваа значајна сума, што ја инвестиравме во платите на лекарите, медицинските сестри за две ипол години изнесува околу […]

ФИЛИПЧЕ И ШАХПАСКА: ГРАДИНКИТЕ СЕ ОТВОРААТ НА 9 СЕПТЕМВРИ – ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ НАЈМАЛИТЕ И СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ВОСПИТНО-ЗГРИЖУВАЧКИОТ ПРОЦЕС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа дека е донесена одлука на 9 септември да се отворат установите за згрижување и воспитување деца – детски градинки/центри за ран детски развој. Министерот Филипче го образложи Протоколот за активности во установите […]

ФИЛИПЧЕ: КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРАВСТВОТО СЕ СПРЕМНИ ЗА ЕСЕН, СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ДА ДОБИЕ СООДВЕТНА И НАВРЕМЕНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија истакна дека во однос на есенскиот период, здравствениот систем е целосно подготвен за евентуалното зголемување на бројот на ковид пациенти. „Сакам да ги уверам граѓаните дека сме спремни со инфраструктура, медицинска опрема, и со кадар, а таму […]

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ: ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ СО КОВИД-19 И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ СЛУЧАИ

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопотврдени со Ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани случаи, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. Во овој период се направени 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2 и регистрирани сe 666 нови позитивни случаи, што претставува намалување […]

СО КРВНА ПЛАЗМА ТРЕТИРАНИ 70 ПАЦИЕНТИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ДОНОРИ ЗА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент. -Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 17 ДО 23 АВГУСТ, 2020: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОПОТВРДЕНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ СЕ ОД СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи […]

Д-Р ИГОР АЛУЛОСКИ ОД ГАК: МАКЕДОНСКАТА ГИНЕКОЛОШКА ОНКОЛОГИЈА ЈА ПОДИГНУВАМЕ НА ЕВРОПСКО НИВО

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија.   – Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа […]

КЛИНИКАТА ЗА НЕФРОЛОГИЈА СО КОМПЛЕТНО НОВ ЛИК-НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, РЕНОВИРАНИ ОДДЕЛИТЕ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, ДИЈАЛИЗА И ВАСКУЛАРНИ ПРИСТАПИ

Универзитетска клиника за нефрологија со комплетно реновиран интензивен оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита. Оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања. Со реновирањето е […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 163 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 9412,ОЗДРАВЕНИ СЕ 69 ПАЦИЕНТИ, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, […]

СО ИНОВАТИВНАТА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА БОЛНИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со Мирсад, студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија кој од почетокот на оваа година ја прима иновативната биолошка терапија во домашни услови. Користејќи ја оваа терапија (emicuzumab) Мирсад функционира комплетно независно бидејќи самиот ја администрира, а болните и чести венепункции за него […]