Соопштенија

УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА АКТИВНО ВКЛУЧЕНА ВО БОРБАТА СО КОВИД-19

Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје (18-22 мај) ја потенцираат важноста за унапредување на менталното здравје, посебно во време на актуелната пандемија со Ковид-19. -Оваа година, неделата за подигнување на свесноста за ментално здравје е малку поинаква од претходните, поради предизвиците со кои сите се соочуваме, […]

ФИЛИПЧЕ: НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВ АПАРАТ ЗА ДОНИРАЊЕ КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Институтот за трансфузиона медицина, денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат, институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма.– Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање конвалесцентна плазма, а по завршување на […]

ФИЛИПЧЕ: ПО 50 ГОДИНИ ИЗГРАДЕН ПОСЕБЕН ВЛЕЗ ЗА ВОЗИЛАТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И ТРОЈНО ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАРКИРАЊЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска, направија обиколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот, каде, со поддршка на Владата на Република Северна Македонија е извршена реконструкција на јавните површини со цел непречено укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на заболени пациенти […]

ВО ПЕРИОДОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОВИД 19 – ИЗВРШЕНИ 1771 ОПЕРАЦИИ НА ПАЦИЕНТИ ВО ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ ВО КОМПЛЕКСОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“, ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ И „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ

Од почетокот на епидемијата со КОВИД 19 во земјата направени се 1771 операции кај пациенти на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „8 Септември“ и Стара градска болница, Клиника за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Во хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај е направена 1091 операција […]

ДЕНЕСКА ОЗДРАВЕНИ 16 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ 17 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19, ПОЧИНАТИ ДВЕ ЛИЦА, ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1740

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 1723, ОЗДРАВЕНИ СЕ 6 ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Штип-1, Велес-3, Гостивар-1, Кочани-1. Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од […]

СОВЕТИ: КОВИД-19 И БРЕМЕНОСТА

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви препораки и брошура на македонски и на албански јазик за антенатална и интерпартална грижа, во услови на Ковид-19 и бременост. Брошурата е наменета за трудници со совети за одржување на своето здравје и превенција од овој вирус, кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 20 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1694-ПОЧИНАТИ СЕ 3 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1. Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 […]

ДЕНЕСКА ПОЧНА ТАРГЕТИРАНИОТ СКРИНИНГ СО ПСР ТЕСТОВИ-ПРВИ СЕ ТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19. „Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека […]

ДЕНЕСКА ПОТВРДЕНИ 10 НОВИ СЛУЧАИ СО КОРОНА, ВКУПНО 1.674 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ, ОЗДРАВЕНИ 5, ПОЧИНА ЕДНО ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во: Скопје – 3 и Неготино – 2 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април. Во изминатите 24 часа се направени 189 тестирања, а потврдени […]