Соопштенија

ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ЗА ЕВРОПА, ХАНС КЛУГЕ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА ПРЕПОРАКИТЕ НА СЗО, НЕМА ПОТРЕБА ЗА ПАНИКА

„Здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на […]

НЕГАТИВНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА ВЕЧЕРВА БЕШЕ ТЕСТИРАНА НА КОРОНА ВИРУС НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста.

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС КАЈ ПАТНИЧКА КОЈА ПРИСТИГНАЛА ОД ИТАЛИЈА, РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ЗА 4 ЧАСА

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста.

ВЛАДА: ДА СЕ ОДЛОЖАТ ПАТУВАЊАТА И ЕКСУРЗИИТЕ ВО ИТАЛИЈА И ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ КАДЕ ИМА КОРОНАВИРУС

На денешната владина седница се донесоа повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот. На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и граничната полиција, Центарот за управување со кризи и секторот […]

ФИЛИПЧЕ: ИМА ДОВОЛНО КРЕВЕТИ, МАСКИ, МАНТИЛИ И СКАФАНДЕРИ – ВО МИНИСТЕРСТВОТО ОД ДЕНЕСКА ФУНКЦИОНИРА КРИЗНА ГРУПА СО ЕКСПЕРТИ ЕПИДЕМИОЛОЗИ И ИНФЕКТОЛОЗИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од денеска во рамки на Министерството за здравство функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација […]

ПАЦИЕНТОТ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Информираме дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје.   Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, […]

ВОВЕДЕНА КОНТРОЛА НА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ДОАЃААТ ВО ЗЕМЈАВА-АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ОДЛОЖАТ ПАТУВАЊАТА ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од утрово воведена е контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја и упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија. -Утрово имавме состанок со Комисијата за заразни болести на којшто присуствуваа […]

ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ ЗА 5 МЕСЕЦИ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА 25.064 ЛИЦА ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КЛИНИКИ ВО СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа. Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош […]

МАЈЧИНАТА И ПЕРИНАТАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЛАВНА ТЕМА НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Вториот национален форум за здравје, што ќе се одржи на 27 февруари 2020 година е платформа на која ќе се разговара за актуелната состојба и иднината на мајчината и перинатална здравствена заштита во Северна Македонија. Форумот ќе ги сподели и одбележи постигнувањата од првата година на реализација на обновената визија за примарна здравствена заштита (ПЗЗ), […]

ВО ТЕКОТ НА 2018 И 2019 ГОДИНА, СЕ ОТВОРИЈА ШЕСТ РОСА ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

„Министерството за здравство во соработка со Пивара Скопје, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид. Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи […]