Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма потенцираше дека, преку кредитот од Светската банка се обезбедуваат 45 милиони денари за брзи тестови. -Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има потреба од брз тест. Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот, потенцираше министерот Филипче.

Related Posts

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
февруари 10, 2025

НА ОРТОПЕДИЈА ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА СО КОСКА ОД ДОНОР
февруари 6, 2025

ПРВА НАЦИОНАЛНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА РЕФОРМА НА БОЛНИЧКИОТ СЕКТОР
јануари 31, 2025