ФИЛИПЧЕ:ВО СРЕДА ПРОДОЛЖУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА СПОРЕД ВОЗРАСНАТА ГРУПА ГРАЃАНИ ВО А1 АРЕНАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ, ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА САЈТОТ – VAKCINACIJA.MK

Вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура, опфатени во првата фаза, завршува денеска и утре, а имунизацијата против КОВИД-19, согласно Националниот план  продолжува со вакцинација на граѓани, истакна денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.

-Останатиот дел од 20.000 вакцини Спутник В ќе бидат  распределени по возрасни групи, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со  вакцината на Астра Зенека по вакциналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација vakcinacija.mk за податоците да влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани. Истовремено, и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата система – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура, посочи Филипче, кој истакна дека вакцинирани се сите коишто имаа најголем ризик, кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од самиот почеток, како што се: припадници на МВР, армијата, вработените во училиштата, наставничките од 1 до 3 одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачките, како и правосудниот систем, група вработени во Собрание, во техничките служби од координацијата, го очекувам и интересот од претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

– Денеска е на ред групата преку Здружението на новинари, тие коишто навистина се во првата борбена линија, би рекол уште од почеток на кризата и со своето навремено информирање, информирање на јавноста, пласирањето важните пораки, исто така се едни од клучните во менаџирањето на оваа здравствена криза, рече министерот.

Филипче најави измена на Законот за здравствена заштита, за што денеска се донесе одлука на ГГКШ, а предлогот на Законот веќе утре ќе се стави на седница на Влада.
– На главниот координативен кризен штаб, денеска, се дискутираа повеќе работи во однос на менаџирањето на болниците, во однос на менаџирањето на вакцинацијата и целокупниот процес и во таа смисла би сакал да соопштам уште два важни заклучока. Прво дека се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата или вонредна состојба, што се однесува конкретно за лекување ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза и има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и го поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита, посочи Филипче.

Сподели на:

Related Posts