За првпат од воспоставување на мрежата, истата ја прошируваме со склучување на нови договори со заинтересирани ординации во рамки на буџетот со кој располагаме во моментов.
Тендерската документација е при крај и слободните места ќе ги објавиме до крајот на следнава недела.
Мрежата за ортодонција ќе се прошири со по едно слободно место во сите региони – 8 и со единственото слободно место по протетика.
По овој бран на проширување на мрежата ќе се работи на нов модел на проширување кое ќе следи по ребалансот на буџетот, а во договор со ФЗОМ.
Ова остварување на ветување следи по состанокот со специјалистите стоматолози во изминативе неколку недели.