НЕДЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД 19 И ТИП НА ВАКЦИНА КОЈА ЈА ПРИМИЛЕ (15.10-21.10.2021)

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за  починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле  две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.  

Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина.  
Еден пациент е вакциниран со Фајзер. Двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, додека двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В.  

Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.   

15 октомври  
71 год. кардиолошко заболување / 80 год. кардиолошко заболување / 75 год. кардиолошко заболување ДМ  

16 октомври  
69 год. кардиолошко заболување и дијабетес / 72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида / 74 год. кардиолошко заболување и дијабетес / 68 год. кардиолошко заболување и обеситас

17 октомври  
87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување / 86 год. кардиолошко заболување и дијабетес / 65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас / 75 год. кардиолошко заболување / 80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување / 63 год. кардиолошко заболување / 69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување / 71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабетес / 69 год. кардиолошко заболување и обеситас

18 октомври

68 год. кардиолошко заболување/ 72год. белодробно заболување / 80год. кардиолошко и белодробно заболување

19 октомври  
74 год. крдиолошко заболување и обеситас/ 83год. HTA ABI81год. HTA  

20 октомври
79 год. HBI / 79год. ХОББ и кардиолошко заболување / 67год. кардиолошко заболување

21 октомври
93 год. кардиолошко заболување / 89год. HTA  белодробно заболување

Сподели на:

Related Posts