Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за службите за Итна медицинска помош. Дополнително, очекуваме уште 3 возила за Итна медицинска помош од донација во следниот период.
Целта е зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за ИМП. Возилата ќе бидат распределени во установите каде е најкритична состојбата и каде е констатиран поголем недостиг од возила.