ВТОР ОТВОРЕН ДЕН НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

На денешниот втор по ред отворен ден на Владата со граѓанските организации, со наслов „Борба против корупција“, се дискутираа иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на оваа тема говореше и министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Министерот Филипче нагласи дека корупцијата е закана за основните човекови права и слободи, која има штетно влијание врз социо-економскиот развој на земјата и животот на граѓаните, а воедно напомена дека Министерството заедно со Владата и во партнерство со граѓанските организации и здруженијата на пациенти работи напорно во борба против овој феномен.

Министерот истакна дека ефективната борба против корупцијата бара специфични, но добро насочени мерки.

– Свесни сме дека корупцијата не може да се искорени преку ноќ, напротив борбата против корупцијата е чекор по чекор, проект по проект, еден многу долготраен процес. Министерството за здравство има план за борба против корупцијата, во овој момент ги разгледуваме можните решенија за да им обезбедиме дополнителна работа на докторите, односно остварување на нивното право за дополнителен приход, потенцираше министерот и нагласи дека од септември ќе бидат зголемени и платите на здравствените работници.

Сподели на:

Related Posts