Министерот за здравство, д-р Беким Сали имаше работна средба со д-р Ане Јохансен, специјален претставник на регионалниот директор на СЗО за Европа за Северна Македонија и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје на која стана збор за претстојните активности за поддршка на националниот одговор на КОВИД-19 и за зајакнување на здравствениот систем во целина.
На средбата, минисерот Сали упати искрена благодарност за севкупниот досегашен ангажман на СЗО.
-Верувам дека и во наредниот период оваа поддршка ќе продолжи во насока на унапредување и зајакнување на капацитетите во интерес на заштита на здравјето на сите наши граѓани, посочи министерот.
На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно подобрување на јавното здравје во државата.