РЕГИОНАЛНА ОБУКА НА СЗО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ НА ЛАБОРАТОРИИ

Државниот секретар во Министерството за здравство, г. Јусуф Хасани учествуваше на регионална обука за ментори за имплементацијата на системот за управување со квалитетот на лабораториите во оранизација на Светска здравствена организација.Свое учество на оваа работилница имаа г-ѓа Ан Јохансен, претставничка на канцеларијата на СЗО, претставници од регионалната канцеларија на СЗО за Европа како и претставници од Делегацијата на Европската Унија.Државниот секретар, д-р Јусуф Хасани во своето воведно обраќање посочи дека е голема чест да бидеме земја домаќин на оваа многу важна субрегионална обука за ментори за имплементацијата на системот за управување со квалитетот на лабораториите, во рамки на иницијативата „Подобри лаборатории за подобро здравје“, во Западен Балкан.”Добро функционални, одржливи лабораториски услуги, кои ќе ги следат меѓународните принципи за квалитет и безбедност, се суштински дел од силните здравствени системи и се клучни за подобрување на јавното здравје. Успешното откривање, карактеризирање и следење на трансмисијата на болести, е од суштинско значење за спречување и контрола на јавно-здравствени настани, и бара ефикасни лабораториски системи и спремен лабораториски здравствен кадар. Оваа програма е само почеток во зголемувањето на капацитетите под водство на лабораториски експерти од самите држави за себе ” – истакна д-р Хасани.Тој во своето обраќање истакна дека нашата земја, како и останатите земји од западниот Балкан имаат интерес да инвестираат во иницијативата на СЗО „Подобри лаборатории за подобро здравје“ која има за цел зајакнување на лабораториските услуги преку планирање на здравствените политики, обуки за здравствени работници, менторство и избрана надградба на клучните услуги и овозможување на имплементација на системи за управување со квалитет базирани на ISO стандарди кој се покажа како успешен и клучен метод за ефективно и ефикасно зајакнување на медицинските лаборатории.Државниот сектртар, д-р Јусуф Хасани изрази благодарност за поддршката од Светската здравствена организација во насока на зајакнување на националнот здравствен систем и изрази интерес за континуирана соработка во спроведувањето на оваа исклучително важна иницијатива.

Сподели на:

Related Posts