ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ-ПРОГРАМАТА СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВНЕС НА СОЛ ПРЕКУ ИСХРАНАТА

Национални консултации за намалување на внес на сол во исхраната, со презентација на нацрт-програмата со акциски план за намалување на внесот на сол преку исхраната во Северна Македонија (2023-2027), беше тема на денешната работилница, која ја отвори министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Работилницата е реализирана во соработка со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, како инспекциски орган и овластена институција за регулативи поврзани со безбедноста на храната.

-Нашата заедничка заложба е намалување на ризикот по здравјето заради високиот внес на сол, земајќи во предвид дека податоците од Институтот за јавно здравје недвосмислено ни покажуваат дека внесот на сол е значајно над меѓународните препораки, посочи министерот Сали во своето обраќање.

На настанот се обрати и д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија, посочувајчи ги приоритетните чекори за спроведување на програмата.

Потрошувачката на сол кај возрасната популација во земјава е најмалку двојно над препораките на СЗО. Прекумерниот внес на сол во организмот има штетно влијание врз човековото здравје.

Сподели на:

Related Posts