ПРВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА МАНУ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ПУШЕЊЕТО И МОЖНОСТИТЕ КОИ ПОСТОЈАТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ

Највисоката научна институција во земјата – МАНУ, првпат во нашата држава, спроведува истражување, со цел подигање на свесноста за проблемот со пушењето и можностите кои постојат за намалување на штетните ефекти.

Министерот за здравство, Венко Филипче ја отвори научната дискусија по повод завршување на проектот „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штетите преку науката и истражувањето”. Научното мислење е многу важно, меѓу другото и за креирање политики на Министерството за здравство и на Владата. -Научните истражувања и сознанија го акцентираат пушењето цигари како еден од најзначајните ризик фактори за појава на хронични незаразни болести – кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања, преканцерогени и канцерогени заболувања, метаболни заболувања и истото влијае на квалитетот на човековиот живот.

Состојбата со пушењето постојано се следи од Министерството за здравство, преку Програмата за незаразни болести. Северна Македонија активно учествува и на конференциите за контрола на тутунот, кои исто така, ги акцентираат негативните ефекти од пушењето. Со оглед на сите показатели за огромниот број пушачи во државата, според истражувањата на ИЈЗ, меѓу 45 и 50% од полнолетните жители се пушачи и состојбата очигледно бара постојано да се актуелизира проблемот со пушењето, бидејќи сите болести, кои се јавуваат како последица од пушењето, од една страна ги загрозуваат човечките животи, а од друга, пак, негативно влијаат и на здравствениот систем

Истражувањето на МАНУ треба да придонесе за подигање на свесноста во државата за проблемот со пушењето, но што е уште поважно се очекува оваа научна дискусија да резултира со можности и прагматични решенија кои ќе понудат подобрување на превентивните мерки во јавното здравје и справување со незаразните заболувања.

Сподели на:

Related Posts