РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО И НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ОД ЛЕКОВИТЕ

Министерството за здравство номинираше 85 лекари специјалисти од сите градови на Република Македонија кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, одноно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во Република Мекедонија. Оваа TAIEX работилница беше организирана од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет од Скопје и поддржана од Европската Комисија.

Прeдавачи на работилницата беа еминентни експерти,  меѓу кои медицинскиот директор на UPSALA-мониторинг центарот од Шведска и претставник од Светската здравствена организација, како и раководителите на националните центри за фармаковигиланца од Хрватска и Црна Гора. Сите номинирани лица добија сертификат и претставуваат контакт лица на регулаторниот орган преку кои ќе се работи на подигнување на свесноста за пријавување несакани реакции од лекови и медицински средства и навремено ќе ги споделуваат со здравствените работници и пациенти сите значајни безбедносни информации за лековите и медицинските средства во нашата земја.

Министерството за здравство е партнер на сите здравствени работници и пациенти и активно учествува по процесот на обезедување квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и современа терапија за сите пациенти во Република Македонија.

Сподели на:

Related Posts