Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на мајките и децата, односно за намалување на трендот на доенечка и мајчина смртност.
На средбата присуствуваше и Метју Џексон, директор на Канцеларијата на УНФПА во Лондон, кој е во работна посета на регионот, со цел поблиску запознавање со работата на УНФПА, и реализација на повеќе средби со клучните партнери и соработници од Владата и од граѓанскиот сектор.