РЕГИСТРИРАНИ 580 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 84709, OЗДРАВЕНИ 572 – ПОЧИНАТИ 9 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-254, Куманово-32,  Дебар-10, Штип-12, Прилеп-30, Тетово-21, Струга-7, Велес-28, Битола-23, Охрид-23, Кавадарци-30, Гостивар-18, Гевгелија-15, Струмица-17, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-5 и Неготино-9.
Институтот за јавно здравје регистрира 572  оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-30, Дебар-1,  Штип-20, Прилеп-59,  Тетово-14,  Струга-36, Велес-30, Битола-26, Охрид-27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица-18, Крива Паланка-15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Валандово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-5, Ресен-6 и Неготино-23.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 36623, активни 10840• Куманово 4807, активни 475• Дебар 651, активни 123• Штип 3328, активни 200• Прилеп 4291, активни 433• Тетово 4811, активни 819• Струга 2069, активни 267• Велес 2808, активни 441• Битола 3077, активни 482• Охрид 2492, активни 460• Кавадарци 2193, активни 500• Гостивар 3421, активни 510• Гевгелија 1192, активни 261 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 203 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2344, активни 585• Крива Паланка 642, активни 113• Радовиш 627, активни 86• Крушево 167, активни 73• Кочани 1615, активни 188• Пробиштип 453, активни 34• Демир Хисар 237, активни 34• Македонски Брод 222, активни 19• Пехчево 157, активни 26• Берово 512, активни 55• Валандово 316, активни 47• Виница 449, активни 59• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 11• Свети Николе 1044, активни 80• Кичево 1590, активни 209• Ресен 659, активни 138• Неготино 1048, активни 272 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 2431 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-47,  Авицена-237, Биотек-205, МАНУ -159,  Жан Митрев (Филип Втори)-166, Систина со PCR метода -200, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-2, ГАК-20, Синлаб-44, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -710, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts