РЕГИСТРИРАНИ 86 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 150.672, ОЗДРАВЕНИ 856, ПОЧИНАТИ 37 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во: Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по едно лице.

Регистрирани се 856 оздравени пациенти од:Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по едно лице.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48г, 61г , 61, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), 5 лица од Охрид(55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по 4 лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и Кавадарци (71г, 73г, 76г и 78г), по 3 лица од Куманово (65г, 76г и 84г) и Тетово(73г, 76г и 80г), од Прилеп 2 лица (53г и 54г) и по едно починато лице од Велес (61г), Струмица (64г), Струга (60г), Делчево (69г), и Валандово(71г). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.

Направени се 808 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 49, Жан Митрев (Филип Втори) – 124, Авицена -0, Биотек – 108, Систина – 163, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 0, Ремедика – 0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250 теста. Во земјата, досега, се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049 лица.

Сподели на:

Related Posts