СКОПСКИ МАРАТОН ВО ЧЕСТ НА ДАРИТЕЛИТЕ НА ОРГАНИ И КОСКЕНА СРЦЕВИНА И ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ДОНИРАЊЕ ОРГАНИ

Во рамки на кампањата под мотото „Биди срцевина, биди херој” за време на Скопскиот маратон, што се одржа завчера успеавме да мотивираме 103 доброволци кои се подготвени да даруваат коскена срцевина. Целта на акцијата, поддржана од Министерството за здравство, е преку хуманост и преку донирање крв да се зголеми бројот на дарители и да се подигне свеста за важноста од донацијата на коскена срцевина, информираат од Универзитетската клиника за хематологија.

Од Клиниката велат дека со зголемување на бројот на доброволни дарители во Дарителскиот регистар за коскена срцевина на Институтот за имунологија се зголемуваат и шансите за пронаоѓање соодветен дарител за пациентите за кои единствен спас е трансплантација на матични клетки.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој воедно се запиша во регистарот на дарители, изјави дека е многу важна солидарноста како и можноста секој кој може да спаси човечки живот.

Од 2018 година во земјава трансплатациите на органи, ткива и клетки се рутински методи за лекување на тешките витално загрозени пациенти. Во 2018 година првпат во државата беше направена прва несродна трансплантација на матични хематопетски клетки, во мај 2020 година почна да чука првото трансплантирано срце, а годинава се воведоа трансплантациите на коскено ткиво од починат донор. 

Сподели на:

Related Posts