ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев се обрати на одбележувањето Светски ден на крводарителството. 

Во своето обраќање д-р Милошев истакна дека во тек на овој месец Министерството за здравство реализира кампања на социјалните медиуми под мотото „Донирај и подари живот“, со цел да ја покренеме свесноста за значењето на дарувањето крв, како највисок чин на хуманост.

Министерството за здравство на годишно ниво изготвува посебна програма за организирање и унапредување на крводарителството во државата. Оваа година програмата изнесува вкупно 15 милиони денари, и е зголемена за еден милион денари, во однос на минатата година.

Во рамки на оваа програма, опфатени се бројни активности кои ги реализира Институтот за трансфузиона медицина и трансфузиолошките служби, како и Црвениот крст.

Share This Article :

Related Posts