ОТВОРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА КАВАДАРЦИ

Во рамки на Општата болница Кавадaрци, вчера (5.11.2018г.) за првпат беше отворен Ургентен центар. Станува збор за нова, посебна единица при Општата болница, која се состои од приемна амбуланта за прегледи и прифаќање на итни случаи и пациенти кои ќе доаѓаат за време на дежурствата, викендите и за време на празници. Редовните прегледи ќе се одвиваат во амбуланите преку „Мој термин“.

Со отварањето на овој Центар, се добива побрз и полесен пристап на пациентот до медицинскиот персонал, но и утврдување на брза дијагноза.

Д-р Диме Коцев, директор на болницата истакна дека во приемната амбуланта, пациентите ќе бидат пречекани од медицински тим, доктор, сестра и болничар.

– Општата болница во Кавадарци ќе стане еден од најдобрите центри во Македонија, а болницата една од најсовремените во државата, вели д-р Коцев. А, во дневната болница, на одреден временски период по проценка на медицинско лице, пациентите ќе можат да примаат инфузија, по што ќе бидат задржани во болница или пуштени на домашно лекување.

Share This Article :

Related Posts