ПРОМОВИРАНИ НОВИ АПАРАТИ ЗА ЕХО ДИЈАГНОСТИКА ВО КБ ТЕТОВО

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, заедно со директорот д-р Амир Елези, во рамки на посетата на Клиничката болница Тетово пуштија во употреба нови апарати за ехо дијагностика, во вредност од 160 илјади евра.

– Новите апарати за ЕХО дијагностика се посебно значајни за унапредување на здравствената заштита за пациентите од полошкиот регион. На овој начин значително се скратува времето на чекање и ставаме фокус на здравјето на пациентите и нивната благосостојба. Задоволство ми е што на овој начин придонесуваме за побрза дијагностика и подобро здравје за пациентите од овој регион, рече министерот Сали.

Директорот информираше дека на одделот за офталмологија продолжуваат операциите на катаракта, а воедно беше промовиран и нов ЕХО апарат A/B scan, обезбеден од буџетот на болницата. На овој начин, КБ Тетово излегува во пресрет на пациентите со офталмолошки болести, а истовремено се растоваруваат скопските клиники, каде досега пациентите од полошкиот регион беа третирани.

Направен беше и увид во активностите за реконструкција на покривот на одделот за дерматологија и физикална медицина.

-Реновирање на здравствените установи, изградба на нови објекти и нивно опремување со посовремена опрема останува еден од нашите приоритети во работењето на ова Министерство и посебно сум задоволен што во оваа насока бележиме континуирани позитивни резултати во Клиничката болница во Тетово, посочи министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts