ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ФАБРИКАТА НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА „ГЕРЕСХАЈМЕР“, ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНА ОД ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА И ФАРМАЦИЈАТА

Пуштена е во употреба фабриката на германската компанија во Југоисточна Европа „Гересхајмер“, која беше најавена во 2019 година, а која е исклучително важна од областа на медицината и фармацијата.

Со почнувањето со работа на овој производител на пластични системи за фармацевтската индустрија, медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот и производство на стаклени шприцеви за медицински цели стануваме активни на мапата за производство. Ова е досега најголема поединечна инвестиција во историјата на Северна Македонија од областа на медицината и фармацијата.

Инвестицијата е 25 милиони евра, предвидено е да се отворат 400 работни места и да има натамошно проширување. Оваа компанија има погони за производство во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.

Станува збор за успешно реализиран проект за кој политиките на Владата создаоа поволни услови, а почнувајќи со членството во НАТО и исполнувајќи ги предвидените услови на самата компанија.

Сподели на:

Related Posts