РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ И АХМЕДOВСКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и министерот без ресор во Владата задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски остварија работна средба, на која се разговараше за тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство, како и за можностите за зголемување на финансиските средства во буџетот на Министерството за здравство за имплентација на овој план, како и определување на лица во чии работни цели и задачи би биле активности од локалниот акциски план за здравство, кои лица се дел од групата ромски здравствени медијатори.

На средбата, меѓу другото, стана збор за изнаоѓање решение за трансформација во редовен работен однос на ромските здравствени медијатори, како и за продлабочување на заедничката соработка и поддршка за остварување резултати за подобрување на состојбата на Ромите во земјата.

Share This Article :

Related Posts